Скопје се спасуваше против Аеродром – успеа да извлече бод

Ракометарите на Скопје и Аеродром одиграа максимално израмнет натпервар во 10. коло од плеј-офот во Првата лига кој на крајот заврши без победник 22:22 иако во завршницата двете екипи имаа шанси да стигнат и до победа.

Во најголемиот дел од натпреварот беше израмнето, екипите неколкупати го менуваа водството но тоа беше најчесто од еден гол. Аеродром усепа да обезбеди предност по првите 30 минути и на полувреме водеше 12:13.

Гостите подобро влегоа во продолжението и за првпат една екипа имаше три гола позитива кога Аеродром водеше 12:15. Сепак Скопје не дозволи противникот да се одлепи и повторно беше изедначено.

Завршницате беше многу интересна, со серија од 4:0 Аеродром во 52. минута имаше водство од 19:22 и беше на чекор до голем триумф. Но за три минути Скопје израмни и во последните пет минути двете екипи имаа шанса за победа, но не можеа да постигнат гол. Во последниот напад Аеродром имаше можност за три бода но не реализираше.

Во екипата на Скопје најефикасен беше Бојан Чакалиќ со шест гола, а Марио Мишевски постигна четири погодоци, додека составот на Аеродром го предводеше Димитар Михајлов со седум гола.