Скопје не го дава врвот, триумфално низ Автокоманда

Екипите на Металург РА и Скопје одиграа цврст натпревар во рамки на плеј-офот од Првата лига со многу исклучувања, кој на крајот го доби гостинскиот тим со резултат 26:33.

Во почетните минути се играше доста израмнето, поведе Скопје со 1:2, а Металург РА брзо се врати и израмни на 3:3. Веднаш потоа домаќините го презема водството и стигнаа до највисоки три предност 9:6.

До крајот на првото полувреме Скопје имаше подобро издание, со серија од 5:0 успеа да го преземе водството и до паузата да обезбеди убедлива предност. После одиграни 30 минути гостите водеа 12:18.

На крајот на мечот оваа предност се покажа одлучувачка за победникот. Во продолжението на дуелот Скопје рутински го одржуваше водството и стигна до победа која ги одржува на лидерското место на табелата.

Најефикасен во победничкиот тим беше Бојан Чакалиќ со девет погодоци, а втор стрелец беше Марио Мишевски со шест гола. Во екипата на Металург РА, Филип Фидановски и Димитар Ристовски со по седум гола беа најпрецизни.

Скопје сега има 16 бода на првото место во плеј-офот, додека Шампион е втор со 11 бода, но и натпревар помалку.