Скопје мисли на иднината – го донесе младиот Кристијан Стојаноски

Тимот на Скопје, по Давор Шокоски, го промовираше и второто засилување пред стартот на новата сезона.

Станува збор за младиот кружен напаѓач Кристијан Стојаноски, кој има 20 години и потекнува од тимот на Вардар.

По настапите во „црвено-црниот“ тим, Стојаноски беше дел од Голден Арт и прволигашот Македонија Ѓорче Петров.

Скопје претходно го промовираше и новиот стратег Оливер Димитриоски, како и Шокоски, а се очекуваат уште нови имиња пред стартот на подготовките.

Тимот го напуштија голманот Никола Радовановиќ и кружниот напаѓач Игор Трајковски.