СКАНДАЛ во Србија: Се тепаа како во ринг, летаа предмети од трибини, не се знаеше кој кого удира (ВИДЕО)

Српскиот ракомет почна да се враќа на старите патеки, особено со репрезентативните настапи, но во домашното првенство имаше нов скандал.

На натпреварот меѓу Врбас и Колубара имаше тепачка меѓу играчите. При водство на гостите од Лазаревац со 24-23 во 53. минута, изби општа тепачка. Хаосот траеше неколку минути и страстите едвај се смирија, па мечот го дочека својот крај.

Еден играч на Врбас удри противнички ракометар со тупаница во лице, па сите се вмешаа во тепачката. Ниту публиката не остана рамнодушна, па летаа предмети од трибините.

Врбас направи пресврт и победи со 27-26, па остана на третото место на табелата во Втората лига, регион Север-центар.