„Сите ќе бидат желни за ракомет – завршен турнир со осум екипи ќе биде полн погодок“

Тренерот на женскиот тим на ЧСМ Букурешт, Адриан Василе со нетрпение го очекува продолжението на сезоната. На младиот тренер му недостасува салата, а имаше и интересна идеја како да се доигра Лигата на шампионите.

Според Василе, поинтересно би било доколку осум екипи играат на завршниот турнир, наместо да се игра фајнал-фор и тоа би привлекло големо внимание особено после долгата пауза.

„Јас би сакал варијанта со осум екипи на завршниот турнир. После толку долга пауза без натрпевари би бил убав настан со многу добри екипи. Би било супер доколку се донесе ваква одлука. После паузата светот на ракометот би уживал во шоу“, рече тренерот на ЧСМ Букурешт, Адриан Василе.

Тој откри дека побарал помош од лекарскиот тим на ЧСМ Букурешт, поточно од психологот за полесно да ја надмине кризата од седење дома.