„Сите ја видоа разликата кога дојде Ивица Обрван“

Репрезентативецот на БиХ, Мирко Херцег иако беше во составот на босанската репрезентација под водство на поранешниот селектор Билал Шуман, сепак не добиваше голема минутажа на репрезентативните настапи.

Со доаѓањето на новиот селектор на БиХ, Ивица Обрван се смени и начинот на работењето во самата репрезентација. Херцег за босанскиот портал „Спорт 1“ упати критики кон поранешниот селектор на репрезентацијата и го искажа своето задоволство од новиот предводник.

„Сите ја  видоа разликата. Само да кажам, до сега бев во репрезентација, но како да не бев, немав минутажа. Добив повеќе доверба кај Ивица Обрван што се однесува до самата минутажа и се надевам дека ја оправдав. Се чувствувам подобро и слободно”, изјави Херцег.

Поранешниот селектор на Македонија ја презеде репрезентацијата на БиХ кон средината на месец јануари. Обрван ја доби довербата од ракометната федерација на БиХ во конкуренција со Веселин Вујовиќ и Ирфан Смајлагиќ.