Сите се на плажа, тие на репрезентативен камп во Сочи (ФОТО)

Додека голем дел од спортистите и понатаму се наоѓаат по плажите и ги користат годишните одмори 25 ракометари се наоѓаат на подготовки во Сочи каде што селекторот на Русија држи тренинзи и има репрезентативен камп.

На подготовките е играчи од шампионатот на Русија со исклучок на ракометарите кои се дел од Чеховски медведи. Повиокани се и тројца поранешни ракометари на Вардар, а тоа се Павел Атман, Дмитриј Киселев и Сергеј Горпишин кои во моментов го носат дресот на тимот на ЦСКА Москва.

„Нема официјална пауза за време на овој кап, па затоа не повикавме ракометари кои играат надвор од Русија. Исто така гледајќи на подтотовките за тешката сезона, во која клубот повторно ќе игра во Лигата на Европа од мене побараа да не ги повикам и играчите на Чеховски медведи. Сепак, можноста да работам десет дена со националниот тим е доста вредна бидејќи во текот на сезоната имаме малку време за тренинг. Во Сочи ќе можам добро да ги запознаам играчите кои сè уште не играле за националниот тим“, вели селекторот Велимир Петковиќ.

Овие подготовки треба да му помогнат на Петковиќ за подобрување на сликата за формата на ракометарите и секако за оние на кои би можел да смета на Европското првенство во јануари во Унгарија и во Словачка. На тој шампионат селекцијата на Русија ќе игра во група со Норвешка, Литванија и Словачка.