Сите во Келце во домашен карантин, се чекаат резултати од корона тестовите

Ракометарите и стручниот штаб на Келце, кои беа дел од натпреварот против Пик Сегед од 2. коло од Лигата на шампионите мораат во карантин бидејќи кај играчите од тимот од Унгарија има еден позитивен играч.

Откако стана јасно дека во Пик Сегед има уште еден играч со вирусот Ковид 19, а истиот бил дел од средбата против Келце сите ракометари на тимот од Полска мораа на тестирање.

Според информациите кои ги пренесуваат медиумите од Полска сите ракометари ќе мора да останат во карантин до дознавањето на резултатите кои се очекуваат во текот на утрешниот ден.

После дознавањето на вестите околу резултатите за коронавирусот ќе се знае и како ќе се одвиваат работите понатаму, но јасно е дека ЕХФ ќе биде на нови маки бидејќи ако има коронавирус во уште еден тим тогаш ќе дојде во незгодна позиција целото одвивање на натпреварите од Лигата на шампионите.

Инаку, во неивесност е и натпреварот меѓу Пик Сегед и Вардар кој треба да се игра в четврток бидејќи голем дел од играчите се заразени од вирусот.