Симовски: Учеството во регионалната лига е добро за женскиот ракомет во Македонија

Екипата на Куманово имаше успешен викенд во регионалната ВРХЛ лига во која оствари две победи против Рудар и Зајечар. Тренерот на екипата Симе Симовски имаше свое видување за настапот на неговите избранички.

„Работиме чекор по чекор, задоволен сум од овој турнир. Се претставивме во добро светло на домашен терен со исклучок на неколку технички грешки каде што е потребно да имаме подобра соработка. Задоволството не го кријам затоа што девојките и во такви моменти знаат да бидат свесни и психички да го надминат тоа. Особено како денска во второто полувреме да тргнеме со позитива. Натпреварот го добивме како колектив, во првото полувреме резутатот беше изендачен, се истакна голманката каде што имаше неколку добри интервенции кога одбраната киксираше. На полувремето направивме некои комбинации и ѝ помогнавме на голманката со добра одбрана. Техничките грешки се намалија и резултатот си дојде на свое место. Имаме уште вакви натпревари што е добро за нас, особено за македонскиот женски ракомет и ја поздравувам оваа идеја да има регионална лига за жени“, вели Симовски за 24Ракомет.

За можноста бековската линија од екипата на Куманово да се пренесе и во репрезентаијата на Македонија, Симовски коментираше.

„Потребно е да се работи на тој план, со многу труд, со многу енергија и откажувања еден ден би бил среќен доколку Боризовска, Гичевска и Кипријановска бидат ударна тројка во репрезентацијата на Македонија“, заврши тренерот на Куманово.

Следниот настап на Куманово во ВРХЛ лигата ќе биде кон крајот на јануари и почетокот на февруари на гостински терен.