Симовски прозива во понеделник, на списокот 18 ракометарки

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Симе Симовски го објави составот на ракометарки на кои смета за ЕХФ неделата од 28 септември до 4 октомври. Следната седмица на собир ќе има 18 ракометарки кои ќе можеда работат и да се наметнат за следните предизвици.

Од стандардните ја нема голманката Матеја Серафимова која поради Ковид протоколот во Израел нема да биде во можност да допатува за овој собир, но затоа има неколку ракометарки од  домашното првенство.

Симовски повика две ракометарки од Чаир, четири од Куманово, и по една од Металург и Вардар. Има и повеќе интернационалки, а комплетниот состав на ракометарки кои ќе треба да се јават в понеделник на собир можете да го видите во продолжение.

Тие со уште 2-3 имиња ќе бидат и во комбинација за квалификациите кои ќе бидат на програмата првиот викенд од декември.