Симовски го објави скратениот список за квалификацискиот турнир во Скопје

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Симе Симовски, го објави скратениот список на повикани ракометарки за претстојниот квалификациски турнир за пласман на Светско првенство во Шпанија.

Симовски ќе смета на 20 ракометарки, од кои 16 ќе бидат во конкуренција за трите меча против Грција, Исланд и Литванија.

Натпреварите од групата ќе се одиграат во период од 19 до 21 март во СЦ „Борис Трајковски“. Сите натпревари ќе се играат од 17:45 часот.

Прво и второпласираната репрезентација од групата ќе обезбедат место во баражот за Светското првенство во Шпанија.