Силен турнир и годинава во Автокоманда: Македонија вторпат домаќин на кадетски селекции

И годинава Македонија ќе биде домаќин на кадетски репрезентации со кои ќе одмери сили на турнирот кој од 9 до 13 декември ќе се одржи во салата во Автокоманда во Скопје. Турнирот за ракометари родени после 1 јануари 2002 година ќе биде вторпат организиран, а минатата година донесе одлични игри.

Се работи за нова генерација на кадети кои следната година ќе треба да се борат на ЕХФ шампионатот во Скопје за пласман меѓу најдобрите 16 и место на Европското првенство за следната генерација. Оттаму важно е уште сега да бидат селектирани најдобрите.

Исто како и лани и годинава ќе има две селекции во кои ќе има 32 ракометари па ќе може на дело да бидат видени најдобрите играчи од Македонија во генерацијата 2002/2003. Списокот на учесници ќе биде познат наскоро.

Селектор на двете репрезентации е Никола Матлиески кој беше во стручниот штаб на Брестовац на последните големи натпреварувања, а е во тимот и на сениорската селекција која во јануари ќе игра на Европското првенство.

МАКЕДОНИЈА – ГЕНЕРАЦИЈА 2002/03

СПИСОК – А РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Давид Ацевски (Металург 2), Леонид Стојановски (Бутел Скопје), Филип Фидановски (Металург 2), Петар Атанасиевиќ (Алушовски), Теодор Тодески (Металург), Емилијан Ѓорговски (КЛ 7), Иван Андрески (Металург), Божидар Илиески (КЛ 7), Велимир Грујоски (Вардар јуниор), Давид Ставревски (Вардар јуниор), Били Мишевски (КЛ 7), Ѓорѓи Ташев (Вардар Неготино), Бојан Спасовски (Аеродром), Стефан Стојчевиќ (Аеродром), Филип Крстевски (КЛ 7), Кристијан Ташевски (Металург).

СПИСОК – Б РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Матеј Ивановски (Алушовски), Христијан Михајловски (Вардар јуниор), Филип Димевски (Металург), Михајло Костоски (КЛ 7), Христијан Митревски (Пелистер), Бојан Чакалиќ (Вардар јуниор), Илија Илиев (Пелистер), Леонид Киселовски (Вардар јуниор), Владимир Трајковски (КЛ 7), Михаил Ивановски (Охрид), Мартин Димовски (КЛ 7), Симон Калајџиески (Вардар јуниор), Виктор Додевски (Пролет 62), Давид Мелоски (Металург), Матео Јанчев (Берн), Стефан Донев (Алушовски), Филип Стојковиќ (Металург), Филип Николов (Металург).