Се формираше клуб во кој ќе играат само хомосексуалци!

Во Шпанија се формираше ракометен клуб во кој ќе играат само членови на ЛГБТ заедницата. Клубот се вика Џи Мадрид (G Madrid) и е дел од спортското друштво G Madrid, во кое има и одбојкарски, фудбалски, кошаркарски и пливачки клуб.

Ракометната секција има 25 членови, но тренинзите сега не се одржуваат поради коронавирусот, а клубот ќе се натпреварува во регионалната лига на главниот град на Шпанија.

„Сакавме да ја стартуваме ракометната секција уште многу порано, но сега сме среќни што нашиот клуб е прифатен од околината и се радуваме на поддршката што ја добиваме“, вели Даниеле Витурини, претседателот на Џи Мадрид.

Во ракометната секција во моментов сите членови се хомосексуалци, но сексуалната определба во иднина нема да биде првиот фактор што ќе одлучува кој ќе игра во клубот.