„Се уште не сум го преслушал Ракитиќ на фудбал, но подобро да не знае со кој си има работа“

Некогашниот член на Металург и Вардар, Лука Циндриќ, имаше деби сезона од соништата во Барселона. Првак на Шпанија, победник на Асобал Купот, Купот на кралот и Суперкупот, освојувач на Супер Глоуб и учесник на Ф4 во ЛШ.

Покрај проблемите во Шпанија, која беше една од најпогодените земји од коронавирусот, Циндриќ сепак имаше причини за радост – стана татко.

„Беше тешка ситуација во Шпанија. Ни се роди Алиса, за која поради проблемите со коронавирус, моравме долго време да ги чекаме документите. Потоа моравме да чекаме и други документи, бидејќи со автомобил се враќавме во Хрватска. Траеше долго, но сепак на крај успеавме да се вратиме во Огулини сега сме среќни. Уживаме во дружбата со семејството“, вели Циндриќ.

Тој откри дека сосед му е неговиот сонародник и член на фудбалскиот тим Барселона, Иван Ракитиќ.

„Често се дружиме, супер е Ракитиќ, само пофалби за него. Се уште не сум го преслушал во фудбал, но подобро да не знае со кој си има работи“, низ смеа вели Циндриќ.

Покрај Ракитиќ, соседи на Циндриќ му се Јуре Доленец, Седрик Сорендо, Дика Мем, а од фудбалерите тука е и Марк Андре Тер Штеген.