Се собра „црвено-црна“ дружина на тренинг – Карачиќ, Столе, Дибиров, Калараш…(ФОТО)

Подготовките на повеќето европски екипи ќе стартуваат на средината на месец јули, а големите професионалци од Вардар веќе започнаа со индивидуални тренинзи по долгата пауза.

Тимур Дибиров, Глеб Калараш, Столе Стоилов заедно со Игор Карачиќ, кој се уште е во Македонија, одработија заеднички тренинг.

Карачиќ сигурно нема да се врати во Вардар, но додека не замине во Полска, ќе тренира со некогашните клупски другари.

Вардар стартува со подготовки на 18 јули.