Се слави во Вардар – капитенот Стоилов по вторпат стана татко

Во Вардар денеска беше ден кога се честиташе и славеше.

Капитенот Стојанче Стоилов по вторпат стана татко, па имаше причини за радост во „црвено-црниот“ тим.

Искусниот ракометар го доби вториот син заедно со неговата избраничка Деница.

Двојката во текот на 2020 година го доби првиот син, па сега ќе слави за втората принова во семејството.