M19 EHF Euro Handball 2021, Iceland vs Sweden, Varazdin, Croatia, 17.08.2021, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Се роди нова ѕвезда – Митја Јанц стана најдобар стрелец, најдобар среден бек и МВП!

На завршеното кадетско првенство во Хрватска, репрезентацијата на Словенија не успеа да стигне до медал, но успеа да промовира нова звезда во европскиот ракомет.

Словенечкиот репрезентативец, Митја Јанц одигра фантастично првенство и беше главен предводник во својата репрезентација. Младиот ракометар е брат на сениорскиот репрезентативец на Словенија и ракометар на Барселона, Блаж Јанц.

Неговата одлична игра резултираше со три индивидуални признанија во своите раце – најкорисен играч, односно МВП, најдобар среден бек и најдобар стрелец. На листата на стрелци, Јанц и Швеѓанецот, Елиот Стенмалм го делеа првото место со 61 погодок.

Јанц на првиот натпревар против Шпанија од групната фаза постигна неверојатни 17 гола од 18 обиди и подели неколку асистенции кон своите колеги.

Младиот ракометар моментално настапува за екипата на Целје. Сигурно по одличната партија во Хрватска, голем број на клубови веќе му имаат испратено понуда за следната сезона.

Репрезентацијата на Германија го освои кадетскиот шампионат, додека домаќинот, Хрватска заврши на второто место. Шпанија го освои третото место, додека Словенија немаше многу среќа и мораше да се задоволи со четвртата позиција.