Се реновира салата „Јанчица“, Кичево сака суперлигашки ракомет

Во финишот на оваа сезона ќе се реновира салата „Јанчица“, па прволигашот Кичево на друга локација ќе ги игра домашните натпревари од плеј-офот за Суперлига. Ќе се реновира подот, односно паркетот во салата, ќе бидат поставени нови столчиња на трибините, ќе има нови соблекувални, а ќе биде поправен и кровот на салата.

„Јанчица“ која е пуштена во употреба далечната 1986 година, последен пат имаше „шминкање“ во 2000 година. Кичевци го сакаат ракометот, а доказ за тоа е посетата на натпреварите на машкиот тим во текот на сезоната.

Последен пат суперлигашки ракомет во Кичево се гледаше во 2009 година, кога играше женскиот тим Кале Кичево и имаше големи успеси пред да престане да функционира.

Машкиот ракомет по иницијатива на голманот Дејан Михајлоски, кој извршува повеќе функции во клубот се врати на мапата пред три сезони, играше во плеј-аут, а сезонава обезбеди и место во разигрувањето за Суперлига.

Амбициите за следната сезона се уште поголеми и ќе се брка место во елитата, а во меѓувреме тимот домашните натпревари во салата „Христо Узунов“ во Ивандол.