Се редат како на филмска лента: Откажани два пријателски натпревари, одложени двобои во ЛШ и ЛЕ

Хаосот што му го приредува коронавирусот на европскиот ракомет продолжува да се зголемува секој нареден ден.

Денеска беа откажани пријателските натпревари пред стартот на Европското првенство меѓу Белорусија и Бахреин, како и оној меѓу Австрија и Словачка што требаше да се игра утре.

Проблеми има и во Лигата на шампионите во женска конкуренција. Од осумте натпревари од 9 коло се одложени дури четири! Од претходно, Брест Бретањ – ЧСМ Букурешт, Савехоф – Ѓер и Кристијансанд – Крим, а најнов на листата одложени е дуелот меѓу Мец и Кастамону, поради позитивни случаи кај гостинската екипа.

Но шведска и норвешката екипа нема да останат без меч викендов и се договорија предвреме да го одиграат меѓусебниот двобој, па ќе има пет меча од ЛШ во сабота и недела.

Во Лигата на Европа исто така ситуацијата не е најсјајна. Последен дуел што е одложен е оној меѓу норвешката Сола и Локомотива на Андреа Седлоска, а од претходно беа одложени двобоите Виборг – Валчеа и Шамбре Турен – Вац.