Се огласи и Лино Червар: Девојките ме потсетуваат на моите момци, имаат ист гард

Репрезентацијата на Хрватска е вистински хит на Европското првенство во Данска, а девојките влегоа во вториот круг со три победи.

Ваков успех не очекуваше никој, па ниту тие самите и затоа сите гледаат со чудење за она што се случува.

Сепак, сето ова се должи на добра работа и правилна селекција, па сега тоа излегува на површина и носи резултат. Честитките доаѓаат од сите страни, а сосема очекувано се огласи и селекторот на машката сениорска селекција на Хрватска.

Лино Червар им честиташе на девојките и во своите коментари се потсети на деновите кога тој со момците го почна трофејниот пат односно тргна во освојување на многу медали.

„Секако дека се јавувам и им честитам. Тие го заслужија тоа. Ме направија горд и затоа и на Шоштариќ и на девојките им се јавувам постојано. Овие денови тие ме потсетуваат на моите момци. Имаат единство, а тоа е она што ја краси машката репрезентација. Тоа единство, таа борбеност, сето тоа е слично на моите момци. Имаат ист гард“, вели Червар.

Тој го критикува и моментот што не се верува доволно во девојките во клубовите, а во Подравка играат повеќе интернационалки. Според него ова е доказ дека Хрватска има квалитет и во женскиот ракомет.

Инаку, денеска, Хрватска го отвора вториот круг на Европското првенство против репрезентацијата на Романија.