Се истепаа ракометари на Партизан и Црвена Ѕвезда (ВИДЕО)

Вечното дерби во младинската лига меѓу Партизан и Црвена Ѕвезда во Србија донесе немили сцени и голем инцидент.

Во натпреварот што се играше во домот на Партизан, СЦ „Бањица“, во еден момент дојде до општа тепачка меѓу играчите на двата тима.

Во моментот кога се случи инцидентот, односно во финишот, домашниот тим водеше со два гола разлика.

За среќа, набрзина страстите се смирија и Партизан на крајот ги однесе бодовите со победата од 29-27.