„Се изненадив кога дознав дека клуб како Вардар бара тинејџер како мене“

Португалскиот лев бек Нилтон Мело е третото засилување за Вардар пред стартот на новата сезона.

Младиот Португалец, во изјава за „О Жого“, вели дека и покрај понудите од Шпанија, понуда од тим како Вардар не се одбива.

„Точно е, ќе бидам играч на Вардар од лето. Барав проект кој ќе ми дозволи да бидам професионалец и во кој ќе имам шанса да напредувам. Имав понуди од Шпанија, но се појави Вардар кој не можев да го одбијам. На моја возраст, бев изненаден што клуб како Вардар со традиција и историја ме побара, но од друга страна, сакам кога се случуваат вакви работи затоа што ми даваат мотив и желба секојдневно да се докажувам и да напредувам“, изјави Мело.

Покрај Мело, досега како засилувања на Вардар се потврдени левото крило Марко Срдановиќ и левиот бек Стефан Петриќ.