Се изнадаваа голови: Вардар со еден негатива на пауза против Елверум

Екипите на Вардар и Елверум одиграа ефикасно прво полувреме во кое паднаа 41 гол, а гостите од Норвешка имаа предност од 21:20 на паузата.

Од почетокот на средбата Елверум го презеде диктирањето на резултатот, но сето тоа беше само до следниот напад бидејќи вардарци брзо израмнуваа. Се играше гол за гол цели 15 минути и речиси и да немаше напад во кој имаше се грешеше бидејќи голманите имаа по едвај една одбрана.

Темпото на игра во кое Елверум води, а Вардар израмнува доби мала промена кога во 15. минута Вардар поведе со 11:10, а веднаш потоа првпат некој тим поведе и со два гола, 12:10.

Пет минути вардарци диктираа, но потоа одново Елверум ја врати предноста и успеа одново да биде во гол предност. Немаше грешки во реализацијата, но за тоа вина имаа и одбраните кои беа далеку од потребното ниво. Имаше многу пропусти, па во 22. минута беше 15:15.

Нов пресврт дојде во 28. минута откако Кизиќ успеа да запре еден удар на противникот и да дојде до втората интервенција. Калараш беше играчот кој донесе 20:19, но безо имаше ново израмнување. Сепак, претпоследниот напад во првото полувреме не беше искористен, па противникот од контра дојде до нова предност пред заминување на одмор со 21:20.

Најефикасниот играч на Вардар после првото полувреме е Анте Гаџа со шест гола, по три имаат Калараш и Чупиќ, а по два Дисингер, Стоилов и Героегиевски. По еднаш прецизни беа Дибиров и Шеваљевиќ. Пујол со четири гола е прв стрелец на Елверум.

Вардар во првото полувреме има реализација од 80 проценти, додека гостите го завршија првиот дел со 75%.