Се зголеми елитното друштво во Македонија – четворица тренери добија Мастер коуч лиценца

Друштвото на тренери во Македонија кои имаат Мастер Коуч лиценца изминатиот викенд се зголеми за уште четворица.

Тренерите во Вардар, Владо Недановски и Стојан Петрушевски, тренерот на Чаир – Басри Љатифи, како и предводникот на Металург РА, Миле Бочкаровски минатиот викенд во Србија ги одбранија своите трудови.

На тренерскиот семинар што го организираа Ракометниот Сојуз на Србија и ЕХФ беа присутни уште низа тренери од Балканот.

Меѓу нив и досегашниот тренер на Раднички Крагујевац – Жикица Милосављевиќ, предводникот на Динамо Панчево, Драган Марковиќ, потоа Алем Тоскиќ, Урош Брегар…