Се бореа цела есен да влезат во плеј-оф, но шампионот не оди во Супер лига, туку во бараж

Осумте екипи кои во есенскиот дел се изборија за пласман во плеј-оф групата од Првата машка лига ќе имаат жешка пролет, но дефинитивно е јасно дека првопласираниот нема да има загарантирано место во плеј-офот.

Според пропозициите за Првата машка лига, патото до Супер лигата ќе биде многу подолг отколку што беше случај во минатите сезони и ќе биде навистина тешко да се дојде до пласман.

Практично некаква надеж ќе има само за тимот кој ќе се најде на првата позиција после натпреварите од плеј-офот.

Во пропозициите стои дека тимот кој ќе го освои првото место ќе може да игра бараж за влез во Супер машката лига и тоа со составот кој во плеј-аутот од Првата машка лига ќе го освои второто место.

Ова значи дека ќе следува пеколна пролет и уште попеколни 60 минути на крајот од сезоната кога во бараж дуел ќе треба да се одлучи која екипа ќе се најде во Супер лигата. Можно е да се случи тим од Првата лига сезонава и да не обезбеди место во Супер лигата за сезоната 2021/22.

„Победникот во Првата Машка Лига ќе игра еден бараж натпревар со второпласираната екипа во плеј-аутот во Супер Машка Лига 2020/2021, местото за одигрување на тој натпревар  го  одредува  Комесарот  за  натпревари. Победникот  од  овој  натпревар ќе обезбеди учество во Супер Машка лига во натпреварувачка сезона 2021/2022 која ќе брои вкупно 10 екипи“, стои во Членот 4 од пропозиците за Првата машка лига.

Ова значи дека екипите на Куманово, Јехона, Аеродром, Вардар Неготино, Драчево, Металург РА, Скопје 2020 и Шампион ги очекуваат интересни дуели, но битката е за бараж за влез во Супер машката лига.