СЕХА трофејот во Скопје ми е најдраг, европска титула со Загреб – неостварен детски сон!

Хрватскиот репрезентативец во редовите на Металург, Златко Хорват не може да се пофали со титула во Лигата на шампионите, па поради тоа како омилен трофеј го издвојува освојувањето на СЕХА лигата во Скопје во втората сезона, кога во финалето го победи Вардар.

„СЕХА титулата со Загреб во Скопје, таа ми е најдрага. Таа сезона и Металург и Вардар беа посилни од нас, тие се соочија во полуфинале, а потоа ние го победивме Вардар во финалето во ’Борис Трајковски’, а да се победи Вардар во Скопје воопшто не е лесно. Титула во Лигата на шампиони, тоа ќе ми остане како недостаток. Имав некој детски сон да ја освојам Лигата на шампионите со Загреб. Имавме и неколку шанси, бевме близу се создаваше добра екипа на која и требаше уште година – две да остане заедно. Немавме ни среќа, трипати во четвртфинале бевме елиминирани од екипа која потоа и ја освои титулата.“

Подолу може да го прочитате целото интервју со Златко Хорват…

ИНТЕРВЈУ ЗЛАТКО ХОРВАТ: Бајката немаше среќен крај во Загреб, но може да има во Металург!