СЕХА лига продолжува во август, Ф4 ќе се игра во Задар од 2 до 4 септември

Македонскиот првак Вардар покрај настапот во Суперлигата и во Купот на Македонија, ќе биде присутен и на меѓународна сцена.

„Црвено-црните“ ќе бидат дел од регионалната СЕХА лига, која продолжува во август, кога ќе бидат одиграни дел од заостанатите натпревари.

Завршниот турнир ќе биде одржан на добро познатата локација во хрватскиот град Задар во спортскиот центар „Вишник“ од 2 до 4 септември.

Покрај Вардар, македонски претставник во регионалната лига е Еурофарм Пелистер, а овие два тима ќе бидат дел и до сезоната 2022/23 во СЕХА.