СЕХА во стилот на НБА – ќе има виртуелни навивачи на Ф4 во Задар!

Ракометарите на Вардар ќе играат на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига, што ќе се одржи во хрватскиот град Задар од 4 до 6 септември.

Се уште нема информација дали ќе бидат дозволени гледачи на трибините, но и да бидат, тие ќе бидат во мал број. Затоа, медиа тимот на СЕХА во стилот на НБА лигата, организира виртуелно навивање.

Виртуелните навивачи ќе бидат во лимитиран број и ракометарите ќе ги гледаат на големиот видео бим веднаш до теренот. Се што ви треба е стабилна интернет конекција и дрес од Вардар, па може да навивате од дома.

Навивачите на Вардар може да аплицираат на следниот ЛИНК, а условите што треба да се исполнат можете да ги прочитате на следниот ЛИНК.

Полуфиналните средби се на 4 септември од 18:00 и од 20:30 часот, а истите термини ќе бидат и на финалниот ден на 6 септември. Вардар и Загреб ќе играат во вториот термин во полуфиналето.