СЕХА бира МВП на сите МВП – номинирани Дибиров, Циндриќ, Милиќ (ЛИНК)

На две недели до првите натпревари односно до средбите од четврт-финалето од минатиот шампионат во СЕХА лигата на Фејсбук профилот беше објавено интересно гласање во кое треба да се одбере најдобриот од сите досегашни МВП на Ф4 турнири.

Досега во СЕХА се одржани девет Ф4 турнири и на нив има девет различни ракометари кои ја понесоа оваа награда. Од нив пет се играчи кои го носеле дресот на Вардар. Еден од нив уште е во Вардар, Тимур Дибиров, додека првиот МВП сега игра за Металург, Златко Хорват.

Оттаму сега од деветмината се бира најдобриот така што следува гласање за да се одбере МВП на сите досегашни Ф4 турнири во СЕХА.

Доколку заборавивте кои се досегашните МВП ве потсетуваме:

2012 – Златко Хорват (Загреб/Ф4 турнирот се играше во Загреб)

2013 – Страхиња Милиќ (Вардар/Скопје)

2014 – Тимур Дибиров (Вардар/Нови Сад)

2015 – Чема Родригез (Веспрем/Веспрем)

2016 – Момир Илиќ (Веспрем/Вараждин)

2017 – Жоан Канељас (Вардар/Брест)

2018 – Лука Циндриќ (Вардар/Скопје)

2019 – Даинис Кристопанс (Вардар/Брест)

2020 – Родриго Коралес (Веспрем/Задар)

За досегашните МВП на Ф4 турнирите во СЕХА лигата можете да гласате на следниот ЛИНК на Фејсбук профилот на СЕХА лигата.