Серафимов: Секој си ја знае својата работа, Лазаров верува во сите нас

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги почна подготовките за настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Десниот бек Мартин Серафимов вели дека секој си ја знае својата работа и дека селекторот Лазаров верува во секој играч.

„Подготовките течат одлично, а и верувам дека ќе продолжиме во овој ритам. Сѐ што работиме е точно и прецизно и секој си ја знае својата работа. Секако ние помладите знаеме да направиме почесто грешки, но затоа тука имаме квалитетен стручен штаб и поискусни играчи кои можат да ни даваат совети за како побрзо и поефикасно да се вклопиме во тимот и да ги намалиме грешките. Селекторот Лазаров верува во секој играч кој го има на располагање и затоа ние помладите добиваме сѐ повеќе одговорност на теренот. Се разбира честа е голема да си дел од вакви подготовки посебно пред настан како Европското Првенство“, вели Серафимов.

Македонија ќе игра две пријателски средби против Кувајт на 27 и 29 декември во Маврово, како и две против Израел на 3 и 4 јануари во Скопје.