Сениорките немоќни, после реми и победа, загубија од првиот тим на Турција

Репрезентацијата на Македонија претрпе пораз на средбата против првиот состав на Турција на турнирот во Анталија со 33:42.

Домашните имаа предност во поголемиот дел од средбата, а во мечот со голем број на голови тие имаа предност уште на полувреме од пет гола. Турција водеше со 22:17 после првите 30 минути, а потоа во вториот дел предноста беше зголемена.

За Македонија најголемиот дел од головите го постигнаа четири ракометари. По шест гола имаа Елена Ѓеорѓиевска, Симона Стојановска, Јована Кипријановска и Јована Саздовска.

Ова беше трет натпревар за Македонија на турнирот. Претходно имаа реми против Италија од 29:29, а утрово го совладаа Б составот на Турција со 37:19. Утре сениорките се слободни, а в понеделник ќе ги одмерат силите со селекцијата на Косово од 15 часот.