СЕНЗАЦИЈА: Сагосен и Кил немоќни, Лазаров и Нант го освоија цел плен кај „зебрите“!

Иако со преполовен ростер, тимот на Нант приреди сензација и славеше кај бундеслигашот Кил и повеќе од убедливо со 27-35. Францускиот тим играше без Гурбиндо, Балагер, Њокас, Калваканти…но и без нив успеа да стигне до триумф кај „зебрите“, кај кои недостигаа Ландин и Билик.

На почетокот на натпреварот се играше гол за гол до 6-6, пред Нант иако со ослабен тим стигна до плус четири, 6-10. Екберг, Винцек и Зарабец ги вратија „зебрите“ во игра и намалија на 9-10.

Францускиот тим пак се одлепи на 10-13, ама и Кил пак имаше камбек на 12-13. Лазаров со првиот погодок зголеми на 12-14, а до крајот на полувремето погоди уште голманот Нилсен за плус три на пауза, 12-15.

Во вториот дел Лазаров даде гол за 13-18, а Нант имаше највисоки плус седум, 19-26 на петнаесетина минути до крајот. Кил се обидуваше, но ниту Сагосен, ниту Дувњак не наоѓаа решение да го најдат патот до мрежата на одличниот Нилсен.

На крајот, Нант победи убедливо победи со 27-35. Сагосен даде четири гола но од десет обиди, а исто толку постигна и Пекелер. Кај Нант се истакна Ривера со девет погодоци, додека Фигуерас даде шест. Лазаров постигна два гола од седум обиди.