СЕНЗАЦИЈА во Португалија: Порто на колена пред Агуаш Сантас!

Тимот на Порто, загуби третпат во серија од стартот на сезоната на официјалните натпревари во три натпреварувања.

По поразот од Бенфика во Суперкупот, од Висла Плоцк во Лигата на шампионите, Порто на Никола Митревски загуби на гости и кај Агуаш Сантас со 28-27.

Победничкиот гол беше постигнат по истекот на времето со удар од седум метри, за голема радост на домашните.

Агуаш Сантас по девет години слави триумф над Порто, а последен пат се радувал на победа во 2013 година.