СЕНЗАЦИЈА ВО ПОРТО – Елверум си замина со полн плен!

Ракометарите на норвешкиот првак Елверум направија големо изненадување на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите, откако славеа против португалскиот Порто со 28-30.

На старот се играше најчесто гол за гол, но во финишот на првото полувреме, домашниот тим ја презема контролата на натпреварот и на пауза избраниците на Магнус Андерсон заминаа со плус четири, 16-12.

Иако беше очекувано Порто да продолжи во ист стил, сепак норвешкиот тим направи комплетен пресврт. По 22-21 за домаќинот, Елверум направи серија од шест голови по ред за 22-27.

Митревски беше на теренот во финишот на мечот, одбрани две топки, а неговите соиграчи намалија на минус еден во последната минута, 28-29. Сепак немаше време за комплетен камбек и Норвежаните постигнаа победнички гол, 28-30.

Најдобри стрелци кај Елверум беа Блонц со десет и Мате со четири погодоци, додека кај Порто се истакнаа Мартинс, Итуриза и Ареиа.