СЕНЗАЦИЈА во Данска: Дрим-тимот на Алборг се сопна на првата пречка!

Дрим-тимот на Алборг, кој сезонава има големи амбиции на домашна и меѓународна сцена, се сопна уште на првата пречка во Данска.

Засилени со ѕвезди како Палмарсон, Бјорнсен, Нилсен, Мадсен…Алборг загуби на гостувањето кај Сондерјиске со 29-28.

Домашниот тим имаше водство во најголемиот дел од натпреварот и на крајот заслужено го сруши шампионот.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше францускиот интернационалец Ноа Годен со шест гола, додека кај Алборг се истакна Рене Антонсен со пет погодоци.

За Алборг пред стартот на Лигата на шампионите и гостувањето кај Загреб останува да одигра домашни двобои против Рингстед и Нордсјеланд.