Сензационален трансфер: 14 години играше за Барселона и Веспрем, а сега се сели во АЕК Атина!

Поранешниот шпански репрезентативец Кристијан Угалде, по две години заминува од бундеслигашот Хановер.

Левото крило во новата сезона би требало да настапува за амбициозниот грчки шампион АЕК Атина, пишува „Greek Handball“.

Претходно Угалде осум години беше дел од Барселона, а шест години играше и за унгарскиот Веспрем, пред да замине во Бундес лигата.

АЕК Атина, кој во новата сезона ќе игра во Лигата на Европа, се засили со Томас Бауер од Порто, со Хименез Реина, како и со Бразилецот Лемос.