СЕНЗАЦИОНАЛЕН ТРАНСФЕР: Седрик Сорендо потпиша за Динамо Букурешт!

Францускиот репрезентативец Седрик Сорендо на крајот на сезоната ќе си замине од каталонскиот гигант Барселона и ќе се пресели во романскиот првак Динамо Букурешт.

36-годишниот Сорендо по 11 години заминува од „Блауграна“ и потпиша договор на две сезони со тимот од Букурешт.

Французинот освои две европски титули со Барселона, десет титули во Шпанија, осум трофеи во Купот на Шпанија, седум во Купот на Крало, како и девет во Суперкупот.

Тој ќе му прави друштво на египетскиот интернационалец Мохамед Мамду на линијата од шест метри во Динамо Букурешт. Сорендо беше член на Анже, ПСЖ и Тулуз, пред да се пресели во Барселона.