Селекторот на Русија доби нова функција, стана тренер и на ЦСКА Москва

Стратегот кој од пред некој месец ја предводи Русија, искусниот Велимир Петковиќ си доби уште една работа за да го пополни празното време меѓу собирите, па од денеска е и на тренерската позиција на тимот на ЦСКА Москва.

Петковиќ доаѓа на местото на Олег Кулешов кој ја раскина соработката со тимот од Москва.

Тренерот кој е по потекло од Бања Лука има 65 години, а 30 години од својата кариера мина во Бундес лигата. Работеше како тренер во Гепинген, Вецлар… а во март стана селектор на Русија со која потпиша договор на четири години.

Причината поради која дојде до смена на тренерската позиција во ЦСКА Москва се слабите резултати во домашното првенство. ЦСКА Москва дојде до групната фаза во Лигата на Европа, но во Русија е на 5. место со шест бода помалку од Чеховски медведи. Покрај тоа има и натпревар помалку.