Нов договор за селекторот на Луксембург, следен предизвик ќе му биде Македонија

Ракометната федерација на Луксембург реши да го продолжи договорот со српскиот стратег Никола Малешевиќ на една година.

Малешевиќ веќе четири години го води Луксембург, но нема позначајни резултати во квалификациите за ЕП или СП.

Тој од 2016 до 2018 година ја водеше женската репрезентација, а потоа ја презема и машката, која ќе ја води петта година.

Оваа селекција е во група со Македонија, Португалија и Турција во квалификациите за Европското првенство 2024 година, а прв предизвик во новиот мандат за Малешевиќ ќе биде гостувањето во Скопје на 12/13 октомври и дуелот со нашата репрезентација.