„Секој ден давам сè од себе – затоа траам толку долго“

Еден од најтрофејните тренери во Европа и сегашен тренер на шампионот на Црна Гора Будуќност, Драган Аџиќ во интервју за црногорските медиуми говореше за неговите успеси и причините за неговата долговечност во ракометот.

Аџиќ веќе десетта сезона е на клупата на Будуќност, а во 2012 година успеа да го оствари најголемиот усех на клубот и да го освои трофејот од женската лига на шампиони. Истото го повтори во 2015 година.

„Никогаш не сум имал амбиции дека нешто морам, дека морам да освојувам. Воспитан сум секој ден да давам сè од себе, а тоа да биде повеќе од вчера. Така живеам и верувам дека тоа ми помогна да траам толку долго“, рече Аџиќ.

Драган Аџиќ го продолжи договорот со Будуќност за уште една сезона. Според успесите и задоволството на двете страни, и клубот и тренерот се очекува соработката да продолжи уште долго.