Сезоната стартува в недела, Охрид и Тиквеш го отвораат првото коло

После вчерашното одлагање на стартот на сезоната во Супер машката лига во која требаше да бидат одиграни пет од шестте натпревари, поради прогласување на тридневна жалост во Македонија, в недела ќе биде означен почетокот на новата сезона.

Први на терен ќе излезат ракометарите на Охрид и ГРК Тиквеш кои својот натпревар ќе го одиграат од 14:30 часот.

Во првото коло ќе биде одиграна и средбата меѓу Металург и Пролет така што сè ќе биде според првичниот план и нема да има проблеми за некој од дуелите кои беа најавени. Сите се играат во ист ден така што сè ќе биде според планираното.

Затоа, пак, 2. коло ќе биде одиграно од среда до петок поради обврските на Вардар во Лигата на шампионите и гостувањето во Норвешка кај тимот на Елверум.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ДЕЛЕГИРАЊЕ И ТЕРМИНИ ЗА 1. КОЛО

НЕДЕЛА, 12 СЕПТЕМВРИ

14:30ч

ГРК ОХРИД – ТИКВЕШ 2014

Сала: „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

17:00ч

ВАРДАР – СКОПЈЕ 2020

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје. Делегат: Драган Начевски од Скопје.

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

19:00ч

РАДОВИШ – СТРУГА

Сала: СЦ „25 Мај“ во Радовиш. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРИЛЕП

Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

МЕТАЛУРГ – ПРОЛЕТ

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

ДЕЛЕГИРАЊЕ И ТЕРМИНИ ЗА 2. КОЛО

СРЕДА, 15 СЕПТЕМВРИ

18:30ч

ПРИЛЕП – МЕТАЛУРГ

Сала: „Р. Р. Ричко“ во Прилеп. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Игор Огненов од Битола.

19:00ч

ТИКВЕШ 2014 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

Сала: „Јасмин“ во Кавадарци. Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски од Скопје. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

ЧЕТВРТОК, 16 СЕПТЕМВРИ

17:30ч

СКОПЈЕ 2020 – ПРОЛЕТ 62

Сала: СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Цане Куртовиќ од Скопје.

19:00ч

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – БУТЕЛ СКОПЈЕ

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

СТРУГА – ОХРИД

Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

ПЕТОК, 17 СЕПТЕМВРИ

ВАРДАР – РАДОВИШ

Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.