Сезоната не ни почна, а ЕХФ веќе одложува натпревари!

Европската ракометна федерација реши да ги одложи натпреварите од второто и третото коло од ЕХФ, кои претходно беа закажани за октомври и ноември.

Ова одложување би требало да им даде повеќе време на сите учесниците во натпреварите за подготовка за играње во поинакви услови.

Дуелите од второто коло ќе се играат на 14/15 ноември и 21/22 ноември (беа на програмата на 17/18 октомври и 24/25 октомври), додека оние од третото коло на 12/13 декември, а реваншите на 19/20 декември (беа на програмата 14/15 ноември, а реваншие на 21/22 ноември).

Осминафиналето, четвртфиналето, полуфиналето и финалето остануваат во планираните термини во 2021 година.

Ограничувањата за патувања, многуте затворени граници, прават дополнителни проблеми во организација на натпреварите, па затоа ЕХФ која е во постојан контакт со клубовите и федерациите, реши да им даде повеќе време.

Македонија нема претставник во машкиот ЕХФ Куп, додека во женското издание ќе играат Куманово и Чаир. Двете наши екипи ќе ги дознаат ривалите на ждрепката на 1 септември.