„Сезонава може да имаме проблеми – имаме многу ракометари на кои им треба минутажа“

Данскиот вицепрвак Алборг е вториот ривал на Еурофарм Пелистер во новата сезона од Лигата на шампионите.

Алборг се засили ова лето со Симон Халд, Никлас Ландин…и има многу ѕвезди во тимот и широк ростер на ракометари кои сакаат да играат, а тоа може да биде проблем, смета Хенрик Мелгард.

„Ако сезонава имаме проблеми, тоа ќе биде затоа што имаме многу ракометари што треба да играат. Имаме врвни ракометари на секоја позиција и на сите им треба минутажа. Тоа ќе биде голем предизвик за тренерите. Во моментов ротираме колку што можеме, но тоа не значи дека нема да има натпревари на кои некои ќе играат многу повеќе од други. Но секој играч ќе биде потребен“, вели Мелгард за ТВ2.

Натпреварот меѓу Алборг и Еурофарм Пелистер се игра вечерва со почеток во 20:45 часот во „Шпаркасен Арена“.