Сега се случува: Македонија против Алжир игра во Скопје (ФОТО)

Во време кога е најавен нов полициски час кој стапува на сила утре од 21 часот, во Скопје се случува дуел на Македонија против Алжир. Можеби во прв момент делува како првоаприлска шега, но се работи за двобој во плејстејшн и тоа на двајца поранешни ракометари на Вардар членови на шампионската генерација.

Мартин Поповски и Калифа Гедбан минатата година во ова време на плоштадот во Скопје ја прославуваа круната со Вардар, а сега во домашна атмосфера во Скопје ги проверуваат вештините во некоја од игрите. Не е познато дали се работи за ФИФА или некоја друга игра, но дефинитивно се работи за интересен двобој.

Ова покрај двобој на репрезентативци на Македонија и Алжир е и пресметка на поранешни членови на Пролет и Вардар бидејќи и двајцата ги напуштаат клубовите и во следната сезона одат во нова средина. Мартин Поповски се сели во Швајцарија, а Гедбан во Шпанија.