Сара Ристовска ja отвора сезоната, денеска во обид за прв трофеј

Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска вечерва ќе има сериозен предизвик и тоа во Супер купот на Русија каде што со ЦСКА Москва ќе се соочи со тимот на Ростов Дон.

Се работи за дуел со кој се отвора новата сезона, а на истиот тимот на ЦСКА Москва сака да покаже дека веќе има квалитет за да се доближи до составот на Ростов кој е неприкосновен во последните неколку сезони.

Ова ќе биде и двобој на двете колешки од Вардар, Сара Ристовска и Полина Кузнецова, па сигурно ќе биде исто така интересен момент и ќе има што да се види на теренот.

Средбата почнува од 17:30 часот, а останува да се види дали Ристовска и колешките ќе можат до првиот трофеј сезонава.