Сара Ристовска и ЦСКА подобри на дербито против Лада

По стартниот пораз од Ростов Дон во првото коло, ЦСКА Москва во второто славеше на гостувањето во Тољати против Лада со резултат 30:27 во рамки на првенството на Русија.

Екипата од Москва ја оправда улогата на фаворит и во текот на целиот натпревар беше во водство, а првиот дел го доби со 16:12.

Во второто полувреме, Лада имаше шанси да се врати во игра, но поискусната екипа на Флорентин Пера не дозволи никакво изненадување и заслужено се радуваше на првата победа во новата сезона.

Најефикасна на натпреварот беше новото засилување во ЦСКА Москва, Ана Грос со осум постигнати голови, додека во редовите на Лада Тољати, екс вардарката, Олга Фомина беше стрелец на седум погодоци.

Македонската репрезентативка, Сара Ристовска одигра стандардно, а натпреварот го заврши со три постигнати гола.