Самсоненко „раскрсти“ и со ЖРК Вардар – клубот има нови сопственици

Покрај машката и женската екипа на Вардар остана без Сергеј Самсоненко, кој повеќе не се води како сопственик. Во новата сезона клубот ќе има нови сопственици и ќе продолжи да се натпреварува во женската лига во Македонија. Ќе се задржи спонскиот континуитет, исто као што тоа е со машкиот клуб кој се врати кај поранешниот претседател и спонзор, Михајло Михајловски.

Женскиот тим на Вардар многу порано остана без посериозни финансии бидејќи падна одлука да нема ракометарки од страна и се пренасочи на младински кадар. Клубот стигна пет години по ред да настапува на Ф4 турнирот во Будимпешта во Лигата на шампионите, но не успеа да стане шампион. Сепак, од оваа година и овој тим добив нови сопственици.

Веќе е направена регистрација на клубот и тој има пет нови сопственици. Тимот го носи името Спортско здружение Женски ракометен клуб Вардар. Меѓу новите сопственици се и две ракометни легенди на македонскиот ракомет, но и на тимот на Кометал Ѓорче Петров. Се работи за Индира Кастратовиќ и Гордана Нацева. Покрај нив меѓу сопствениците се и Томе Ивчевски, Татјана Ивчевска и Савица Стојаноски.

Веќе е познато дека екипата и понатаму ќе биде водена од Драгана Ристова (Пецевска), а во клубот остануваат младите ракометари кои и минатата сезона настапуваа за Вардар. Сепак, амбициите ќе бидат далеку поголеми. Клубот ќе го задржи и младинскиот тим предводен од Анжела Платон.

Уште на 14 мај 24ракомет пишуваше дека судбината на ЖРК Вардар е позната и тој ќе продолжи да опстојува. На последниот состанок на УО на РФМ каде се разговарало за системот на натпреварување, за распределбата на местата во европските купови се отворило прашањето и за женскиот ракомет. Меѓу другото било информирано за сериозноста на ситуацијата во која се наоѓа ЖРК Вардар. Тогаш неколку членови на УО се понудиле да помогнат, а првиот што понудил помош бил токму претставникот на Триглав. Тој заедно со неколку други спонзори ќе треба да го помагаат клубот.