Само што почнаа со подготовки, тренерот на Фејсбук соопшти дека заминува од клубот (ФОТО)

Екипата на Баја Маре остана без тренер, откако нејзиниот предводник, Костика Бучечи преку социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од главната функција на тимот.

Бучечи одлучи да го раскине договорот со Баја Маре, иако имаше договор да ја предводи екипата до следното лето. Пред неколку дена, Бучечи имаше кратко интервју за клупската страна на Баја Маре и неговата одлука за заминувањето од тренерската функција е изненадувачка.

Сепак, како главна причина за неговото заминување го наведува отпуштањето на останатите лица во стручниот штаб на Баја Маре од страна на управата на клубот.

„Во оваа прва недела од подготовките за новата сезона, само јас останав со тимот од целиот технички персонал, сите останати лица беа остранети еден по еден (кондициски тренер, втор тренер и тренер на голмани). Верувам дека овие активности имаа за цел да ме отстранат од тимот, кој успеа во целост“, напиша Бучечи на Фејсбук.

Во новата сезона освен во романскиот шампионат, Баја Маре ќе настапува и на европска сцена.