Самарџиќ со порака до Карачиќ: Пријателе, уживај во Македонија – тоа е рајот на земјата! (ФОТО)

Поранешниот ракометар на Вардар и хрватски репрезентативец Игор Карачиќ, по завршувањето на сезоната во Полска, времето го минува во Македонија.

Членот на Келце, со понежната половина Душица Андоновска, за 1 мај беше во Дојран, а за тоа се пофали на социјалните мрежи.

На фотографијата на Инстаграм, коментар остави и популарниот српски пејач Жељко Самарџиќ.

„Рај на земјата, уживај пријателе“, напиша Самарџиќ.