Салата каде Македонија го почна походот кон најголемиот успех, станува болница

Големиот број на позитивни случаи во Србија е причина дел од спортските сали да станат привремени болници за лечење од Ковид 19.

Една од тие сали е „Чаир“ во Ниш. Тоа е местото каде што во 2012 година почна походот на Македонија на ЕП кон најголемиот успех на големите натпреварувања.

Поради недоволен број на места во Клиничкиот центар во Ниш, салата е привремено наменета да биде помош и да прима пациенти од целиот реон.

Во „Чаир“ постојат добри услови за да може да се прилагоди и за потребите на болницата така што во следниот период место натпревари таму ќе има битка со Ковид 19.